Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус и Барселона успешно соработуваа ова лето околу размената на играчи во кои беа вклучени Миралем Пјаниќ и Артур Мело.
Пјаниќ реши кариерата да ја продолжи во дресот на каталонскиот клуб, додека Артур оди во спротивна насока. Овој трансфер беше официјализиран пред повеќе од еден месец, а играчите наскоро ќе им се придружат на своите нови екипи.
Но, италијанските медиуми пишуваат дека Јуве и Барса би можеле повторно да соработуваат. Наводно, нова размена на играчи предложена од Старата дама е на повидок.
Калчомеркато објави дека Јувентус е подготвен да го испрати Пауло Дибала во Барселона, а во замена за него го сакаат Антоан Гризман, кого го сметаат за одличен избор во позицијата напаѓач.
Гризман дојде во Барса од Атлетико Мадрид пред една година за 120 милиони евра, но тој не воодушеви. Наводно, Барса го стави на трансфер-листата, а Јувентус сака да го искористи тоа.
Старата дама не сака да плати 100 милиони евра за него, но тие се подготвени да ја пуштат Дибала да оди во спротивна насока. Но, Барселона сè уште не дала одговор, со оглед дека во моментов има хаос во каталонскиот клуб затоа што навивачите сакаат тотални промени во управувањето со клубот.