Јувентус и Барселона работат на размена на двајца фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последните денови од преоднот рок Барселона и Јувентус би можеле да реализираат размена на играчи.

Како главни актери се спомнуваат Иван Ракитиќ и Емре Чан. Дека нешто се случува можете да се насети изминатиот викенд. Ракитиќ не настапи против Бетис, додека Чан беше на клупата на средбата помеѓу Јуве и Парма.

Хрватскиот везњак после повеќе од две години беше резервист два пати во низа, што на некој начин може да се протолкува како порака од страна на Валверде, за Ракитиќ да си бара нов клуб.

Според пишувањата на Тутоспорт преговорите помеѓу двата клуба траат, а ако Чан не успее да заврши во Барселона, Бјанконерите веќе спремаат алтернатива. Поранешниот везњак на Ливерпул се наоѓа уште на радарот на ПСЖ и Баерн.

Чан сфати дека не се вклупува во тактичките замисли на Маурицио Сари поради што Фабио Паратици забрзано работи на солуција која би го задоволила играчот, но и клубот

Германскиот везен во Торино пристигна минатото лето како слободен играч, меѓутоа како што стојат работите неговата авантура на Апенините нема да трае уште долго.

Преодниот рок во Шпанија и Италија трае до 2. септември,