Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот гигант Јувентус имаше лоша сезона поради казната од УЕФА и заврши на седмото место во Серија А.
Јувентус ова лето сака да изгради моќен тим со кој ќе може да го нападне Скудетото, па поради тоа во следниот период ќе има распродажба во клубот.
На листата за отстрел се Федерико Кјеза и Душан Влаховиќ, кои сè уште имаат време да се докажат, но „Спорт Италија“ пишува дека Јувентус е подготвен да ги продаде.
„Старата дама“ бара меѓу 55 и 60 милиони евра за Кјеза, додека за Влаховиќ бара околу 80 милиони евра.
За услугите на овие фудбалери се заинтересирани Челси, Њукасл и Ливерпул.