Јувентус ја загуби битката: Донарума има нов клуб и ќе заработи 60 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума се наоѓа на чекор од преселба во ПСЖ, односно би било големо изненадување доколку наскоро не потпише договор со парижаните.

Договорот ќе биде потпишан на пет години и ќе заработува неверојатни 12 милиони евра по сезона, додека неговиот менаџер Мино Рајола ќе добие голема провизија затоа што Донарума ќе се пресели во Париз како слободен играч.

Донарума има договор со Милан до 30 јуни и тој не сакаше да го продолжи, иако неговата преселба во ПСЖ не мора да значи дека ќе биде прв голман бидејќи и Кејлор Навас потпиша соработка на четири години и не планира да се откаже од местото меѓу стативите.

Покрај Донарума, се очекува во следните денови договор на ПСЖ со Вајналдум и Хакими, додека се работи и на продолжување на соработката со Килијан Мбапе, а Нејмар веќе потпиша договор до 2026 година.