Јувентус ќе му понуди на Манчестер Јунајтед да избира од тројца играчи за да го добие Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај кризата поради коронавирусот, од Јувентус нема лесно да се откажат од намерата да го ангажираат Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Французинот е желба и на Реал Мадрид, па клубот од Торино ќе се соочи со сериозен противник во трката за неговиот потпис.

Од Јуве, како што пишува „Тутоспорт“ се подготвени да му понудат на Манчестер Јунајтед еден од своите тројца фудбалери од средниот ред, Миралем Пјаниќ, Адриен Рабио или Арон Ремзи. Се верува дека Велшанецот е најпосакувана опција за Јунајтед, па така Јувентус би можел ем да ја намали цената за Погба, ем да го добие неговиот потпис пред Реал Мадрид.