Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Јувентус ја разгледуваат опцијата за носење на нови фудбалери во јануарскиот преоден рок.
Имено, шампионот на Италија му фрлил око на фудбалерот на Челси, Емерсон Палмиери кој на „Стемфорд Бриџ“ пристигна на барање на Маурисио Сари кој сега е на чело на Јувентус.
Емерсон започна неколку натпревари од првата минута под водств на Френк Лампард, но се уште би можел да замине од Лондон доколку за него пристигне примамлива понуда од Јувентус.
Палмиери би пристигнал во Торино како алтернатива за Алекс Сандро кој се почестознае да биде надвор од терените поради повреди.