Јувентус ќе тргне по дури тројца играчи на Манчестер Јунајтед во јануари и следната сезона


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Газето дело Спорт“ пишува дека од таборот на Јувентус планираат во слендиот период сериозно да се насочат кон Манчестер Јунајтед и од таму да донесат дури тројца фудбалери.

Имено, во јануари и во следниот летен преоден рок Јувентус ќе се обиде да донесе три ѕвезди на „црвените ѓаволи“.

Во јануари ќе се обидат да го ангажираат Немања Матиќ кој дефинитивно не е во прв план кај Оле Гунар Солскјер.

Јувентус во јануари ќе се обиде да издејствува трансфер и на Ерик Бејли кој ќе пропушти голем дел од сезоната поради повреда на коленото.

Шлагот на тортата се очекува за почетокот на следната сезона и тоа треба да биде Давид Де Хеа кој би пристигнал во Торино како слободен агент.