Јувентус колку долга пауза го чека Ди Марија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот шампион Јувентус почна со победа во новата сезона во Серија А, но сепак едно од засилувањата, Анхел Ди Марија се повреди.

Ди Марија го постигна првиот гол за Јувентус, но предвреме го заврши мечот против Сасуоло поради повреда на адукторот.

Аргентинецот беше на медицински прегледи, по што дозна дека ќе мора да паузира најмалку 10 дена, кога го чекаат нови прегледи.

Ди Марија ќе го пропушти мечот против Сампдорија, а најверојатно нема да биде дел ниту од дербито против Рома, кое се игра на 27 август.

Претходно се повреди и Пол Погба, кој летово се врати во тимот на „бјанконерите“.