Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црногорскиот репрезентативец и член на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ се поврзува со трансфер во редовите на Јувентус.
Доаѓањето на Савиќ во Торино се разгледува како дел од потенцијална трампа меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид кои ќе ги менуваат Диего Коста и Томас Парти.
Според агентот на некогашниот играч на Партизан навистина имало контакт со Јувентус, но засега нема ништо конкретно.
Според некои медиуми за Савиќ се интересира и Валенсија, а има изненадувачки интерес и од неговиот поранешен клуб, Манчестер Сити.