Јувентус мака мачи да убеди дел од своите игрчаи да одат во Манчестер како замена за Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Јувентус мака мачат да убедат дел од своите играчи да се преселат на „Олд Трафорд“ како дел од трансферот на Пол Погба.

Италијанскиот тим е заинтересиран во своите редови да го врати Пол Погба кој пред четири години се врати во Манчестер Јунајтед за трансфер вреден 98 милиони фунти.

Сега Јувентус го посакува играчот назад, но за да го стори тоа ќе мора да прати некој од своите фудбалери на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед ги сака Пауло Дибала или Миралем Пјаниќ, но и двајцата одбиваат да се преселат во клубот од Англија.

Пјаниќ сака да реализира трансфер во Барселона, додека Дибала сака да остане во редовите на Јувентус.