Јувентус на лето го чекаат промени: Роналдо сака да си замине?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Трета сезона по ред Јувентус е елиминиран од Лигата на шампиони, а екипите против кои загуби се Ајакс, Лион и Порто.

Андре Пирло веднаш беше нападнат од јавноста, а според италијанските медиуми, но и новинарите Јувентус го чекаат големи промени.

Судбината на Кристијано Роналдо не е извесна, а Португалецот претходно му призна на својот менаџер дека сака кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Фабрицио Романо носи информација дека тројката МекКени, Кјеза и Де Лихт ќе бидат столбот на Јувентус.

Прашање е кој ќе игра во нападот и им треба квалитетен фудбалер во средниот ред, а за судбината на Пирло ќе бидат познати повеќе детали во следните денови.