Јувентус најде начин како да се ослободи од Роналдо?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо не игра најдобро во моментов, односно сите забележаа дека има пад на формата, но и понатаму е еден од најдобрите играчи во светот.

Причина за лошата форма на Португалецот може да се бара во тоа што паузираше долго време поради коронавирусот.

Роналдо има дури пет пати поголема плата од вториот најплатен фудбалер во клубот, а тоа е Пауло Дибала.

Како што пишуваат каталонските медиуми, Јувентус размислува да го продаде Португалецот, зашто платата која му ја дава е преголема за нив.

Италијанскиот шампион нема да му понуди нова соработка на Роналдо, за да го продолжи сегашниот договор кој му трае до 2022 година.

Јувентус ќе го стави Роналдо на списокот со фудбалери кои би можеле да го напуштат тимот и за негов трансфер ќе се бараат 100 милиони евра.