Јувентус не преговара со Роналдо, а еден клуб е подготвен да му даде луда плата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судбината на Кристијано Роналдо во моментов е актуелна тема во европскиот фудбал. Португалецот неодамна го известил неговиот менаџер дека сака да го напушти Јувентус и да се пресели во ПСЖ, иако тоа нема да биде едноставно.

Менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш има план за Португалецот да го продолжи договорот со Јувентус на уште една година, но се поставува прашањето дали фудбалерот ќе се согласи на оваа опција.

Преговори меѓу Јувентус и Роналдо засега нема, а ПСЖ добро ја следи ситуацијата и планира да му понуди плата од 33 милиони евра годишно.

Роналдо во Јувентус во моментов има плата од 31 милион евра по сезона, но прашање е колку парите играат улога во целата приказна со оглед на тоа дека Португалецот е блиску до крај на кариерата.

Навивачите на Јувентус се надеваат дека Роналдо ќе одигра уште една сезона за нивниот тим, иако тоа засега не е сигурно.