Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо има договор со Јувентус до 2022 година, но по лошата сезона почнаа шпекулациите дека Португалецот ова лето би можел да го напушти поранешниот италијански шампион.
Во минатата сезона не беше на свое ниво и по девет години доминација не успеа да ја одбрани титулата во Италија, а сега се очекуваат промени во тимот зашто пристигна Масимилијано Алегри на тренерската позиција.
Роналдо се поврзува со трансфери во ПСЖ и Манчестер јунајтед, но официјални понуди за него засега нема. Исто така, доколку не дојде вистинска понуда, очигледно Јувентус е подготвен да го пушти и целосно бесплатно.
Фабрицио Романо објави дека клубот не му понудил нов договор на Роналдо, а најверојатно нема ни да го направи тоа, па останува да видиме што ќе се случи со кариерата на португалскиот капитен.