Јувентус нуди двајца фудбалери во размена за еден од најголемите италијански таленти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус планира да го ангажира еден од најдобрите италијански фудбалер, Николо Заниоло, кој не е во најдобри односи со Рома.

Управата на Јувентус го посакува Заниоло, а веќе е направен и план за негово ангажирање. „Старата дама“ планира да понуди размена на Рома, со тоа што Бернардески и Ромеро би се преселиле во Рим, а Заниоло во Торино.

Нема сомнеж дека понудата на шампионот е примамлива, поради тоа што клубот од Рим ќе добие освежување и во одбраната и во офанзивниот дел од теренот, па останува да видиме дали Рома ќе се согласи на предлогот на Јувентус.

Јувентус планира и следната сезона да ја одбрани титулата во Серија А, но и да го нападне трофејот во Лигата на шампиони, па поради тоа тренерот Маурицио Сари сака да го помлади составот.