Јувентус остана без победа во Шпанија, Челси со една нога е во четвртфинале


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вечерва беа одиграни два меча во Лигата на шампиони (ЛШ), при што италијанскиот гигант Јувентус одигра 1-1 против Виљареал на гости, додека Челси славеше со 2-0 против Лил на „Стемфорд бриџ“ и направи чекор кон одбрана на европската круна.

Јувентус поведе уште во првата минута преку Душан Влаховиќ, кој уште еднаш ги воодушеви сите, но „жолтата подморница“ стигна до израмнување во 66. минута преку Парехо.

Европскиот и светски шампион го реши француски Лил со 2-0, и тоа со погодоците на Хаверц во осмата минута, додека победата ја потврди Пулишиќ во 63. минута.