Јувентус падна во „сенка“: Милан доминираше во 2020 година!

Ако се спомене доминација во Италија, тогаш сите ќе помислат на Јувентус, но статистиката покажува поинаку во 2020 година.

Кога станува збор за 2020 година, најдоминантен тим во Италија е Милан, кој на 35 меча освоил дури 79 бодови.

Стгефано Пиоли одлично ги предводи „росонерите“, а тоа најдобро го покажува статистиката за 2020 година, каде што Милан е фантастичен.

Втор на табелата е Интер, кој на 35 меча освои 73 бодови, додека на третата позиција е Аталанта со 69 освоени бодови по 34 одиграни меча.

Јувентус се наоѓа на четвртото место, а тие по 35 одиграни меча освоија „само“ 68 бодови.