Јувентус потврди одлични вести: Двајца играчи на клубот го победија коронавирусот


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Даниеле Ругани беше првиот фудбалер во Италија кој беше позитивен на коронавирусот, а набрзо по него позитивни беа и Блаз Матуиди и Пауло Дибала.

Веднаш откако Ругани беше позитивен на тестот, од Јувентус ги пратија сите свои вработени во самоизолација.

За среќа Ругани и Матуиди сега се негативни на коронавирусот што значи дека го победиле овој опасен вирус.

„Даниеле Ругани и Блаз Матуиди се тестирани два пати претходните неколку денови на коронавирусот и тестовите се негативни. Тие заздравија и веќе не мора д абидат во строг режим во домашна изолација“ –стои во соопштението од Јувентус.