Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус игра ужасно оваа сезона под водство на Масимилијано Алегри и тимот е далеку од освојување на Скудетото, а многумина се сомневаат и во квалитетот на тимот со кој располага тренерот.
„Кориере дела Сера“ во саботата објави листа со фудбалери на кои повеќе не смета и кои се наоѓаат на трансфер-листата.
Целта е со нивна продажба да се ослободи буџетот и да се соберат пари за да може да се вложат во фудбалери кои ќе го кренат квалитетот на тимот.
Јувентус ги отпиша Дејан Кулушевски, Адриен Рабио, Арон Ремзи и Артур Мело. Тоа се фудбалерите кои не одговараат во системот на Алегри.
Ремзи и Артур не играат воопшто, додека Рабио добива шанса поради слабата конкуренција, а Кулушевски почна да игра благодарение на повредата на Федерико Кјеза.