Јувентус пронајде супер замена за Мората


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Алваро Мората пред неколку дена се врати во редовите на Реал Мадрид.
Мората беше важен член од офанзивната линија на Јувентус, но изгледа дека управата на клубот од Торино веќе пронајде негова замена.

Имено, тие се заинтересирани за доведување на напаѓачот на Арсенал, Алексис Санчез, кој во овој момент со својата репрезентација го очекува финалето на Копа Америка.

Наводно, управата на Јувентус веќе започнала преговори со Санчез и веднаш после завршувањето на турнирот ќе се обиде да го врати во Серија А.

Да потсетиме, Санчез веќе играше во Италија и тоа како член на Удинезе од каде што премина во Барса.