Јувентус сака да го замени Роналдо со бивш напаѓач на Интер


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Јувентус го продаде Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, па сега интензивно се бара негова замена, а на списокот со желби се наоѓа и напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди.

Тренерот Масимилијано Алегри сака уште еден напаѓач во екипата, а Икарди би бил идеално решение за проблемите кои ги има екипата.

Икарди во минатото играше одлично во дресот на Интер, па „Старата дама“ испрати понуда за едногодишна позајмица за која сака да плати 10 милиони евра.

Аргентинецот не добива голема минутажа кај Маурицио Покетино, а најверојатно нема да добива ниту следната сезона, па можеби најдобар потег за него би бил да замине од тимот.