Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот италијански шампион Јувентус игра многу лошо за разлика од претходните сезони кога доминираше во домашниот шампионат, но никако да направи исчекор во Лигата на шампиони (ЛШ).
Четврта година по ред Јувентус испаѓа многу рано од елитното натпреварување, иако претседателот Андреа Ањели смета дека има доволно квалитетен состав за европска Суперлига.
Човекот кој се обиде да ја уништи ЛШ и да создаде ново натпреварување ги налути навивачите бидејќи не ангажира доволно добри засилувања за екипата конечно да се вмеша во битката за ЛШ.
Во последно време Јувентус направи неколку големи трансфери, меѓу кои и тој на Кристијано Роналдо, кој беше платен 120 милиони евра, меѓутоа не беше доволно.