Јувентус се предомисли: Голем пресврт во кариерата на Игуаин!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин сезонава доживеа голем пад, откако замина од Јувентус на позајмица во Челси.

Игуаин првиот дел од сезоната го помина на позајмица во Милан, кадешто не се прилагоди најдобро, а само шест месеци подоцна го напушти „Сан Сиро“, па се пресели во Лондон на позајмица.

Меѓутоа, јасно е дека Челси од него очекуваше многу повеќе, па најверојатно ќе го врати во Јувентус, а на таков потег размислува и управата на „Старата дама“.

Во таков случај Јувентус би можел да го напушти Марио Манџукиќ, кој не беше во форма во финишот од сезоната, а наводно Кристијано Роналдо нема ништо против Игуаин да биде во екипата, па дал „дозвола“ да го вратат од Челси.

Игуаин ќе игра уште во финалето во Лига Европа во дресот на Челси против Арсенал, по што ќе се врати во Торино.