Јувентус сериозен конкурент на Барселона во трката по двајца фудбалери


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус планира да им ги помрси сметките на Каталонците со тоа што ќе се обиде им „украде“ два речиси договорени трансфери.

Имено, клубот од Торино сериозно притиска во своите редови да го донесе Матијс Де Лигт кој долго време се поврзува со трансфер во Барселона. Сепак, се верува дека неговиот агент, Мино Раиола не сака Де Лигт да заврши во Барселона, па го понудил фудбалерот и на Јувентус и  на Манчестер Јунајтед.

Освен Де Лигт, Јувентус се интересира во своите редови да го донесе играчот од средниот ред на ПСЖ, Адриен Рабио кој се уште нема избрано нов клуб.

Францускиот репрезентативец сигурно ќе си замине од ПСЖ и тоа како слободен агент без никакво обесштетување.