Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Јувентус славеше убедлива победа од 4:1 против градскиот ривал Торино и го продолжи походот кон нова титула во Серија А.
Дибала уште во 3. минута го отвори резултатот, а на 2:0 зголеми Квадрадо со гол во 29. минутаод средбата.
На самиот крај на првиот дел, во шестата минута од продолжението, Андреа Белоти од пенал го намали резултатот на 2:1 и тоа беше се од Торино.
Во второто полувреме Кристијано Роналдо, конечно, го постигна својот прв погодок од слободен удар за зголемување на водството од 3:1.
До крајот Торино си постигна автогол преку Џиџи за конечни 4:1 за Јувентус.