Јувентус со двајца играчи ќе го „мами“ Јунајтед да им го пушти Погба

Станува се појасно дека Јувентус ќе биде прв фаворит за ангажман на Пол Погба во летниот преоден рок.

Клубот од Торино планира да ги вклучи Адриен Рабио и Арон Рамзи и плус да понуди пари со цел да го обезбеди потписот на Пол Погба.

Ова е понуда која Манчестер Јунајтед може да ја разгледа со оглед на фактот дека Погба е решен да си замине од клубот, а во замена за него ќе добијат двајца солидни играчи.

Рамзи е одличен за во Премиер лигата и тоа го докажа со настапите во Арсенал, единствено лошо е што често се повредува, додека Рабио беше интересен за „ѓаволите“ уште пред тој да потпише за Јувентус минатото лето.