Јувентус со еден потег стави крај на можноста за ангажман на Пол Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус се оддалечи од намерата да го ангажира фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Причината за тоа е што од италијанскиот клуб планираат да воведат т.н „слеари кап“ со кој ќе се ограничат платите на фудбалерите.

Клубот од Серија А ќе направи горна граница од 7.9 милиони фунти за највисока годишна плата на секој од фудбалерите.

Тоа би значело дека фудбалерите максимално ќе заработуваат по 150.000 фунти неделно. Пол Погба заработува многу повеќе во Манчестер Јунајтед, па мала е веројатноста да прифати големо намалување на платата со цел да направи трансфер во Јувентус.