Јувентус со помош на новите засилувања ја покори Болоња🎥


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Јувентус славеше против Болоња со 2-0 и така им се приближи на ривалите Милан и Интер во борбата за титулата во италијанската Серија А.

„Старата дама“ беше одлична од стартот на натпреварот, а првиот гол го постигна во 15. минута преку Артур, по што до крајот на првото полувреме свои шанси имаа и Бернардески, Роналдо и Квадрадо, но не ги искористија.

Во вториот дел Болоња се закануваше кон противничкиот гол, но подобри шанси пак имаше Јувентус, додека конечните 2-0 ги постави МекКени во 71. минута.