Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Екипата на Милан во финишот на натпреварот остана без победата во првата полуфинална средба од Купот на Италија против Јувентус.
„Росонерите“ имаа водство против фаворитот до самиот финиш на натпреварот, меѓутоа Роналдо во 91. минута ја затресе мрежата на Донарума од белата точка.
Португалецот се избори за пеналот затоа што во финишот на натпреварот успеа со ножички да зафати една топка која го погоди во раката Калабрија, а главниот судија покажа на белата точка.
Претходно, Анте Ребиќ го отвори резултатот со гол постигнат во 61. минута од натпреварот.















