Јувенутс потешко од очекувањата стигна до победа против Верона, Рамзи со деби погодок (Видео)

Екипата на Јувентус стигна до тешка победа на домашен терен против тоталниот аутсајдер на денешниот натпревар, Хелас Верона.

Избраниците на Маурисио Сари победија со 2:1 откако успеаја да комплетираат пресврт по почетното водство на Верона.

Резултатот го отвори Мигел Велосо во 21. минута, а израмнување донесе Арон Рамзи со деби погодокот во дресот на Јувентус. Конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо со гол постигнат од белата точка.