Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот тренер Јирген Клинсман доби отказ од Јужна Кореја поради лошите резултати со репрезентацијата.
Климсан ја презема селекцијата во февруари 2023 година и потпиша договор до крајот на Светското првенство (СП) во 2026 година, но федерација не беше задоволна од неговото работење.
Јужна Кореја загуби во полуфиналето на Азискиот куп од Јордан, иако беа фаворити за титулата.
„Клинсман не успеа да ги оправда очекувањата во националниот тим и затоа решивме да се разделиме“, соопшти првиот човек на федерацијата Чунг Мон-Гиу.