Каде е препознатливиот моден стил на Гвардиола? – Каталонецот од 2018 година носи само едно парче, а еве и колку чини… (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола освен што важи за еден од феноменалните тренери, познат е и по тоа што ја сака модата.

На модните крикови на Шпанецот веќе навикнавме, понекогаш личи на холивудски актер, меѓутоа, се чини во последно време и не е забележан во особени модни комбинации.

На медиумите во Англија не им промакна дека Гвардиола и последната победа над Манчестер Јунајтед ја прослави во сивата јакна, а со оглед на тоа дека досега беше фудбалска модна икона, малку е необично да се гледа во иста облека.

Истата јакна Гвардиола ја носи на сите натпревари од крајот на 2018. година, а станува збор за модел од италијанскиот бренд Херно чиј внатрешен дел може да се издвои, а цената е вистинска ситница – 1300 евра.

ВО минатото Гвардиола носеше скапи и добри одела, рекламираше кошули и џемпери, а неретко тоа го красеше со добри шалови, Можеби е и подобро да им се врати на тие модни трендови…