Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Навистина чудна ситуација, Алваро Мората, во вчерашниот натпревар на Шпанија постигна два погодоци.
Шпанецот истакна дека не носи телефон и дека не чека повик од менаџерот, тоа ќе го прави во јули.
Неговата ситуација е навистина чудна, Реал Мадрид може да го откупи од Јувентус за 30 милиони евра. Таа клазула важи до 15 јули, потоа таа се пренесува следното лето, но за поголема цена, 35 милиони евра.
Управите на Реал и Јувентус требаа да одржат состанок минатата недела, но тој состанок беше одложен на неопределено време. Проценката е дека во прашање е игра на нерви помеѓу Перез и Марота, од Реал зборуваат за Погба, од Јувентус за Мората и Иско.
Она што е сигурно од Шпанија е дека Реал не го сака Мората во тимот. “Кралевите” сметаат дека имаат подобри решенија на пазарот, а Мората би го откупиле и продале за 50 милиони евра во Премиер лигата.
Да потсетиме Јуве на Реал за Мората му плати 20 милиони евра, сега Реал мора даде 10 повеќе, но би им се исплатело. Практично го добиваат Мората назад и ќе бидат во минус 10 милиони, но со неговата продажба би можеле добро да заработат.
Што е тогаш проблемот?
Барањата на Мората. Тој бара осум милиони евра по сезона што ги изненади Арсенал и Челси. Конте го сака во својот нов тим, но не сакаат толку да платат за Шпанецот кој во Јувентус во овој момент заработува 2.5 милиони евра по сезона.
Шпанските медиуми вршат притисок на Реал да го задржи Мората, “Марка” и “АС” денес се преполни со текстови за херојот од победата против Турција и констатираат дека тој вреди исто колку и Левандовски, како и дека Реал нема потреба да бара напаѓач на пазарот кога веќе има решение.
Но, Перез има други идеи.
Јувентус?
Тие сакаат Мората да остане, дури се спремни и двојно да му ја зголемат платата со што Мората би се изедначил со Погба, но Шпанецот се двоуми. Тука причината е фудбалска, не е сигурен дали ќе игра, колку и тоа чудно да звучи. Дибала и Манџукиќ имаат предност. Алегри исклучително многу го цени Хрватот, па не е чудно што Мората во главно оваа сезона натпреварите ги започнуваше од клупата за резерви.
Ако продолжи да постигнува голови, цената ќе му порасне, па Перез би можел да биде голем добитник во целата приказна. Тешко дека Мората ќе се премисли, но од друга страна англиските клубови ќе бидат приморани да го одврзат ќесето…