Кадетите ја декласираа Украина на стартот на ЕП Б-дивизија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Младите македонски кошаркари до 16 години ја прегазија Украина со 96-68 во првиот меч на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија.

Македонија одигра фуриозно прво полувреме кое го доби со 49-29, а во второто полувреме продолжи да расте предноста на нашите кошаркари, по што без проблеми триумфира со 96-68.

Цветковски со 22 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека Данев запиша 14 поени и 11 скокови.