Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Двајца искусни возачи повторно би можеле да се најдат на Ф1 решетката, и тоа во истиот тим. Преговорите веќе започнаа, а новата можност се отвора со пристигнувањето на Кадилак.
Серхио Перез и Валтери Ботас, двајца возачи со богато искуство, водат сериозни разговори за можно враќање во Формула 1 во 2026 година.
Двајцата оваа сезона останаа без тркачки места, но наредната година може да донесе пресврт благодарение на пристигнувањето на Cadillaca како 11-ти тим на решетката.
Влегувањето на американскиот гигант се совпаѓа со почетокот на новата ера на техничките правила, што значи дека Кадилак може да биде идеална можност за повратниците.
Веќе некое време се шпекулира дека Кадилак бара комбинација од искусен возач и млад талент, по можност со американско потекло.
Како што наведува сајтот на Ф1, Кадилак покажува „посебен интерес” за Сергио Перез.
Фото: Принтскрин