Кака го избра најлошиот момент во кариерата: Има една ноќ, која никогаш нема да ја заборавам (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кака беше еден од најдобрите фудбалери во светот, па освои многу трофеи на тимско ниво, но сепак постои една ноќ, која никогаш нема да заборави.

Бразилецот ги кажа само годината и градот, па на навивачите на Милан ќе им биде јасно за која кошмарна ноќ станува збор.

„Најлош момент во кариерата? Истанбул, 2005 година. Нема ништо повеќе да кажам“, кажа Кака за официјалниот профил на ФИФА на Инстаграм.

Исто така, зборуваше и за убави моменти кои најмногу ги доживеал во Милан.

„Имам многу моменти кои ми се драги во кариерата, а најголем дел од нив беа во дресот на Милан. Освојувањето на Лигата на шампиони и Светското клупско првенство, Златната топка и награда за најдобар играч… Тоа се некои моменти кои ги паметам“, откри Бразилецот.