Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Како бомба одекна веста дека Карло Анчелоти на крајот од сезоната ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил.
Работата е конечно завршена по долги преговори со тамошниот сојуз, па Италијанецот се зафати со формирање на стручниот тим кој ќе му помага при работата со „Селесао“.
Бразилските медиуми пренесоа информација дека Анчелоти го повикал легендарниот Кака да му се придружи како еден од помошните тренери.
Истот извор наведува дека некогашниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид ќе биде задолжен за работа со младите играчи и развојот на офанзивната игра, што би требало да помогне репрезентацијата повторно да игра ефикасно.
Анчелоти и Кака соработуваа во Милан, каде Бразилецот ја освои Златната топка во 2007 година, како и во Реал Мадрид во 2013 година.
Официјалното деби на Карло Анчелоти на клупата на Бразил треба да се случи на 6 јуни кога противник ќе биде Еквадор.