До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер јунајтед денеска официјално потврди дека Оле Гунар Солскјер ќе остане на тренерската клупа, откако беше потпишан тригодишен договор.
Норвежанецот во Јунајтед стигна како привремено решение откако во декември минатата година Жозе Мурињо доби отказ. Клубот му даде шанса на Солскјер и договорија соработка до крајот на сезонава.
Меѓутоа, никој не очекуваше Солскјер да ги препороди „ѓаволите“ и да направи видни резултатии. Сепак, може да се каже дека Норвежанецот одлично си ја работи мисијата.
Се споменуваа многу имиња како нови засилувања, а англиски „Сан“ објави можен состав на Јунајтед за наредната сезона, па останува да видиме дали ќе личи вака нивниот тим.













