Како било во соблекувалната на „галактикосите“? Соиграчите не славеле со него, се лутел и не доаѓал на тренинг!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Соблекувалната преполна со фудбалски ѕвезди никогаш не е лесно да ја контролираш. Тренерот на Реал Мадрид од 1999 до 2003 година, Висенте Боске ја предводеше генерацијата на Зинедин Зидан, Луис Фиго, Раул Гонзалес…

Шпанскиот стратег во екипата имаше и неколку темпераментни фудбалери, а еден таков беше Николас Анелка, кој не бил омилен меѓу соиграчите.

„Еден ден Анелка во соблекувалната ни кажа дека не е среќен затоа што соиграчите не ги слават головите со него, па реши да не доаѓа на тренинг два дена, по што доби казна“, открива Дел Боске.

Тоа беше во сезоната 1999/2000 кога Анелка дојде во Реал од Арсенал за 35 милиони евра, но во Мадрид остана само една година.