Како да е криминалец: Кошаркар на Лејкерс бил опколен од 20 полициски возила!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Денис Шрудер беше одличен во победата против Сан Антонио Спарс (113-104), а по мечот се соочи со непријатна ситуација.

Шрудер бил запрен од полиција, по што пристигнале дури 20 полициски возила и полицајци со пушки.

Германскиот репрезентативец бил уапсен затоа што полицијата се сомневала дека се возеле во украдено возило, но по недоразбирањето го пуштиле на слобода.

„Не знаев што се случува. Бев опколен од 20-30 полициски возила. Како да апсат некој криминалец. Вакво нешто имав видено само на филм“, кажа Шрудер.