Како да се во ринг: Савиќ и Торес се грабнаа за врат (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Финишот на мечот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона делуваше како борба во ринг бидејќи Стефан Савиќ и Феран Торес имаа една брутална пресметка.

Црногорскиот стопер и шпанскиот напаѓач се бореа на теренот и притоа заработија црвени картони.

Торес го фати Савиќ за глава, по што дефанзивецот на Атлетико го тресна противникот на земја, а борбата траеше неколку секунди.

Барселона славеше во дербито со голот на Осман Дембеле и така му избега на Реал Мадрид на три бода на врвот на Ла Лига.