Како изгледа трката за „Златната копачка“ во Европа?


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Се ближи крајот на сезоната во поголемиот дел од европските лиги, а трката за „Златната копачка“ исто така влегува во својата неизвесна завршница.

Мохамед Салах и синоќа беше стрелец во победата на Ливерпул над Тотенхем и освојувањето на титулата шампион на Англија. Тоа беше неговиот 28-ми гол во сезоната. Кога таа бројка ќе се помножи со коефициентот „2“ колку што изнесува за Премиер лигата, добива 56 поени, што до синоќа го држеше на првото место.

Меѓутоа, вчера Виктор Ѓокереш беше неумолив и со четири гола против Боавишта, Швеѓанецот стигна до дури 38. гол во сезоната. Со коефициентот 1.5 кој го дава шампионатот на Португалија, напаѓачот на спортинг Лисабон моментално води во трката за „Златната копачка“ со 57 поени.

На третото место е Роберт Левандовски кој е повреден и прашање е дали ќе може да се вклучи во финалната трка. Тој има 50 поени. Хари Кејн и Матео Ретеги се на 48.