Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Копенхаген со 3-4, иако премиерлигашот имаше водство од 2-0 по половина час игра.
„Ѓаволите“ имаа водство од 2-0, но потоа останаа со фудбалер помалку откако Маркус Рашфорд доби црвен картон, по што Копенхаген успеа да израмни до крајот на првите 45 минути.
Во вториот дел се случи и целосниот пресврт, а по натпреварот различни се коментарите на навивачите на Манчестер јунајтед.
Дел од навивачите бараат отказ за тренерот Ерик Тен Хаг, кој ги нападна судиите дека го оштетиле неговиот клуб и признале два нерегуларни голови.