Како Јувентус ќе ги потроши парите од Погба?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќе нема дилеми, Пол Погба ја прифати понудата, а ова е планот на Јувентус. Дали ќе бидат посилни или послаби?

Повеќе нема дилеми, Јувентус ќе го продаде Пол Погба, во Манчестер Јунајтед за 120 милиони евра.

Французинот прифати на понуда од 13 милиони по сезона, ќе добие петгодишен договор, а неговиот сегашен клуб ќе инкасира најмногу пари во историјата. Првата понуда на  Јунајтед била нешто поголема од 100 милиони, е одбиена, но после вестите дека Погба сака да замине, јасно е дека договор ќе биде постигнат.

Како што тврди влијателниот француски медиум Л`Екип прифатена е понудата од 120 милиони за Погба.

Од друга страна, веќе се идентификувани замени, Лукас Биља од Лацио или Витсел од Зенит. Еден од нив двајцата треба да стигне во клубот, блиски е Аргентинецот, Лацио го сака Переира кој може да биде дел од трансферот.

Другата желба      на Алегри е уште еден крилен играч за врска, изборот падна на Марсело Брозовиќ од Интер. Јувентус е спремен да плати 30 милиони евра колку што бара најголемиот ривал и да го доведе Хрватот.

Ако Интер сепак ја одбие понудата, Јуве ќе плати околу 25 милиони на Њукасл за Муса Сисоко, францускиот репрезентативец и на тој начин ќе го затвори средниот ред.

И тогаш на крајот, јасно, Пипита Игуаин. Без оглед на противењето на Наполи, Јувентус од Аргентинецот не се откажува, ќе ја плати и клаузулата на две рати и на тој начин ќе доведе најголемото засилување на ова лето.

Значи, тројца за Погба, со Алвеш, Пјаниќ и Бенатија, се чини дека овој тим е уште посилен од претходната сезона.