Како ќе изгледа Манчестер Јунајтед следната сезона? На „Олд Трафорд“ со сигурност ќе стигнат минимум пет фудбалери


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во деновите кога се очекува и официјално да му биде понуден перманентен договор на Оле Гунар Солскјер почнаа шпекулациите околу тоа како ќе изгледа тимот следната сезона.

Доаѓањето на Норвежанецот значително ја подигна атмосферата во клубот, а наводно од раководството биле презадоволни со начинот на кој Оле ја средил одбраната.

Сега, „ѓаволите“ нема да мора да се расфлраат со пари за скап дефанзивец, па најреална варијанта е ангажманот на Тоби Алдервилд кој би пристигнал на „Олд Трафорд“ за сума од 25 милиони фунти.

Антонио Валенсија со сигурност ќе си замине, па од раководството на Јунајтед како негова замена ќе го донесат Арон Ван Бисака од Кристал Палас. Во овој трансфер би можел да биде вклучен и Тимоти Фосу Менса кој во моментов игра како позајмен фудбалер во Фулам.

Солскјер ќе донесе и играч од средниот ред, а како први имиња се споменуваат Тони Крос од Реал Мадрид и Марко Верати од ПСЖ.

Во офанзивниот дел Манчестер Јунајтед ќе донесе играч кој игра по десната крилна позиција. Се споменува доаѓање на Герет Бејл, но многу пореална опција е Даглас Коста од Јувентус.