Kако ќе изгледаше табелата во Ла Лига ако немаше ВАР-технологија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид во моментов е лидер во Ла Лига и избраниците на Диего Симеоне се лидери во моментов на табелата пред Реал Мадрид и Барселона.

„Јорганџиите“ по 13 одиграни меча осовија вкупно 32 бодови, колку што има и градскиот ривал Реал, но екипата на Зинедин Зидан одигра два натпревари повеќе од Атлетико Мадрид.

Секако, ВАР-технологијата често знае да направи скандали, па сега шпански „АС“ објави како ќе изгледаше табелата без системот.

Интересно е што и без ВАР промени многу нема да има. Атлетико повторно би бил лидер со ист број на освоени бодов. Реал би имал два бода помалку (32-30). И Барселона како и Реал би имала два бода помалку (24-22).