Како Ливерпул ќе изгледа против Арсенал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Има Клоп проблем со повредите, еве како треба да го почне натпреварот.

Дербито од првото коло од Премиер лигата го играат Ливерпул и Арсенал. Мечот е на програмата во недела од 17:00 часот, а Јирген Клоп најверојатно нема да смета не неколку играчи.

Најмногу под знак прашање е Даниел Стариџ.

Напаѓачот на Ливерпул заработи повреда на колкот и најверојатно ќе го пропушти мечот со Арсенал од привентивни причини, иако можеше да биде спремен. Во краен случај, мечот ќе го почне од клупа.

Покрај него, Лорис Каријус доживеа повреда и нема да го почне првиот натпревар, а проблеми има и Матип кој нема да биде во конкуренција.

Марко Грујиќ истотака вчера тренираше, најверојатно ќе биде меѓу резервите. Покрај него, сеуште не се фит Џејмс Милнер и Хендерсон кои подоцна се приклучија во екипата.

Еве очекуван состав на Ливерпул:

Мињоле – Клајн, Ловрен, Клаван, Морено – Вајналдум, Чан – Кутињо, Лалана, Мане – Фирмино.

Може да се каже дека најголема дилема на Клоп е дали во старниот состав да го уфрли Фирмино или Ориџи, но наше мислење е дека во овој случај натпреварот ќе го почне Бразилецот.