Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Трансферот од Барселона во Пари Сен Жермен за 222.000.000 евра своевремено беше земјотрес во светот на фудбалот, но Нејмар замина, не се ни сврте.
Сепак, во Париз Бразилецот не се прослави, напротив, доживеа навивачите на францускиот клуб да го избркаат. А, на крај му пресуди – Луис Енрике. Човекот под чие водство Нејмар можеби играше најдобар фудбал во кариерата, но само во дресот на Барселона.
Луис Кампос, поранешниот спортски директор на ПСЖ, раскажа за Радио Монте Карло како Нејмар си заминал од клубот.
„Луис Енрике беше тој што му рече в лице: ‘Најдобро би било да си заминеш’. Директно, без заобиколувања. Затоа што Луис Енрике гледа на фудбалот на поинаков начин. За него игра тој фудбалер кој заслужи тоа на тренинзите во текот на неделата,“ објасни Кампос.
Ѕвездата на Нејмар почна забрзано да паѓа откако го напушти ПСЖ. Потпиша за Ал Хилал, но набргу потоа доживеа повреда, и затоа и во тој саудиски клуб не остави речиси никаков трага. Купен е за 90.000.000 евра, а одигра само седум натпревари, на кои постигна еден гол и асистираше за три.