Како на времето: Шевченко од пенал го матира Буфон (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Украинскиот фудбалер Андриј Шевченко и италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон ќе останат запаметени секогаш во светот на фудбалот.

Овие двајца се во пензија, но сега заиграа ревијален натпревар во Словенија, кој беше организиран од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Натпреварот имаше хуманитарен карактер со цел да се соберат средства за помош на настраданите од големите поплави во август.

Шевченко и Буфон играа на спротивни страни, а Украинецот го матираше Италијанецот со удар од белата точка.