Како пропаднал трансферот на Варди во Арсенал: Ми се јави, ми беше сè јасно…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот прв човек на Арсенал за трансфери, Дик Лав раскажа како ќе успеел во 2016 година да го ангажира Џејми Варди на „Емирати“.

Таа сезона Лестер беше шампион на Англија, а Варди ја одигра најдобрата сезона во животот. Се шпекулираше дека ќе се пресели во Лондон, но тоа не се оствари на крајот.

„Договорот со Лестер беше постигнат, а исто така беше сè договорено и со фудбалерот. Дојде со сопругата Ребека, седна на креветот пред Венгер… А потоа се повлече. Додека патуваше назад кон Лестер, добив повик од него. Ми кажа дека сака да размисли преку ноќ. Во тој момент, знаев дека станува збор за лоши вести“, кажа Лав.